Уапсен е Љупчо Палевски – Палчо

Осомничениот Љупчо Палевски - Палчо со убиените Вања и Панче / Фото Колаж на СП / Социјални мрежи

Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е уапсен.  Тој бил задржан на граница, по распишаната меѓународна потерница. Засега нема официјална потврда, се чека МВР да соопшти детали на закажаната пресконфренција за 22 и 30 часот.

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, избегал од Македонија, преку Србија, па низ Бугарија се упатил кон Турција, претходно инфомираше ОЈО.

Според информациите на Јавното Обвинителство, Љупчо Палевски-Палчо во саботата, на 2 декември, бил регистриран на граничниот премин Калотина помеѓу Србија и Бугарија, по што се упатил кон Турција на преминот Капитан Андреево – тракеторија во времетрање од околу 3 часа и 40 минути со автомобил.

Ова се случувало дента кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека претходната вечер биле приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, а обезбедно било и возило.

Палевски на 2 декември патувал во возило од марката „ланд ровер“, кое го управувало лицето што денес беше приведено поради сомнеж за помагање. Обвинителството за возачот бара 48 часовен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот