Фото: МИА

Уапсен е 70-годишен штипјанец, наводно допирал девојче по телото

70-годишен жител на Штип е уапсен утрово во градот откако бил пријавен дека ден претходно допирал по телото малолетно девојче, соопшти полицијата.

„Утрово во 08:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ѓ.П.(70) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.07.2025 во Штип допирал по телото малолетничка од Штип“, пишува во полицискиот билтен.

Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот