фото: ФФМ

У21: Против Гибралтар се поправа впечатокот по дебаклот во Алмере

После високиот пораз од 5:0 на гостувањето во Алмере против Холандија, денеска македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе одигра нов натпревар од квалификациите за Европското првенство против Гибралтар на гости од 13.00 часот.

Играчите на селекторот Драган Канатларовски имаа лошо издание против холандските надежи, па противник аутсајдерот во групата ќе се обидат да го поправат впечатокот.

Нашата селекција која веќе од претходно ги загуби шансите за пласман на ЕП ќе ја брка третата победа во овој квалификациски циклус.

Моментно Холандија е на првото место на табелата со 24 максимални бодови, пред Грузија со 16, Шведска 13, Молдавија и Македонија имаат по шест, а Гибралтар е последен со три.

Потсетување дека во првиот меѓусебен дуел одигран годинава на 21 март, македонската репрезентација славеше над Гибралтар со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот