фото: ФФМ

У19: Македонските фудбалери поуспешни од БиХ на контролата во Радовиш

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 2:0 на денешниот пријателски натпревар одигран во Радовиш. Двата гола беа дело на Стефан Младеновски, по еден во првиот и во вториот дел.

Првиот гол Младеновски го постигна во 29 минута од средбата. Откако Терзиќ загуби една топка, ја одзеде Хоџа кој додаде до Младеновски, а овој од прва погоди во голот на гостите. Резултатот од 1:0 беше актуелен во првиот дел. На стартот од вториот дел репрезентацијата на БиХ имаше неколку полушанси. Првиот обид го одбрани голманот Илоски, додека Косо во 56 минута шутираше непрецизно.

Шанса за Македонија имаше Киш во 61 минута кога не успеа за дел од секундата да ја стигне топката, а во 85 минута ударот на Младеновски го брани голманот Бањиќ. Вториот гол се случи во 89 минута. Беше досуден пенал по прекршок во шеснаесетникот на БиХ, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Младеновски кој ги постави конечните 2:0.

На 6 септември (сабота) од 11.00 часот ќе се одигра вториот меч меѓу овие две репрезентации на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Пријателски натпревар, репрезентации до 19 години

МАКЕДОНИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 2:0 (1:0)

Стрелец: Стефан Младеновски 29′, 89′ (п)

МАКЕДОНИЈА: Давид Илоски, Игор Ристов (74′ Златко Радески), Горазд Ристовски (86′ Андреј Мурџески), Назиф Цека, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Ненад Дајманоски (64′ Каменчо Андоновски), Емир Шаботиќ (86′ Виктор Делов), Дитмир Хоџа (74′ Димитар Шаркоски), Марко Киш (86′ Ариф Локи), Стефан Младеновски. Селектор: Ерхан Селими.

БИХ: Тарик Бањиќ, Филип Шакота, Петар Ѓукановиќ (81′ Данило Вујичиќ), Адмир Гојак, Јусуф Терзиќ (66′ Армин Спахиќ), Дарко Башиќ (60′ Хамза Реџиќ), Миљан Пантиќ (73′ Махир Бешиќ), Дин Рамиќ (81′ Антонио Араповиќ), Дино Делиќ, Бакир Косо (66′ Емин Хрњиќ), Амар Цериќ (73′ Дин Делиќ). Селектор: Дубравко Орловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!