
У19: Македонските фудбалери ја совладаа Босна и Херцеговина и во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар одигран во Струмица.
Препорачано
Најголемите возбудувања во првиот дел се случија после 30 минути игра. По половина час игра, беше досуден пенал за Македонија. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Стефан Младеновски кој успеа да ја донесе македонската репрезентација во предност.
Радоста на Македонија траеше три минути, откако Спахиќ со убав удар од 20 метри го совлада Бешир и донесе израмнување. На стартот од вториот дел ново водство за Македонија. Грешка на одбраната на гостите, топката стигна до Игор Ристов, кој успеа да го совлада Каисер и да донесе втора предност за нашата репрезентација на овој натпревар.
До крајот Македонија успеа да го задржи водството, дури имаше и шанси за трет гол, но недостасуваше реализација. Во првиот меч меѓу овие две селекции пред два дена, Македонија славеше со 2:0 во Радовиш.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ДО 19 ГОДИНИ
МАКЕДОНИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 2:1 (1:1)
Стадион: „Младост“ во Струмица.
Стрелци: Младеновски (п) 31’, Ристов 49’ (М) – Спахиќ 34’ (БиХ)
МАКЕДОНИЈА: Онус Бешир, Игор Ристов (67’ Флоријан Рочи), Горазд Ристовски (83’ Кренар Хоти), Лука Атанасовски (57’ Каменчо Андоновски), Давид Стојаноски, Емир Шаботиќ (83’ Виктор Делов), Марко Киш (83’ Андреј Мурџески), Стефан Младеновски (57’Дитмир Хоџа), Златко Радески, Абдулах Аслани, Ариф Локи (67’ Ненад Дамјаноски). Селектор: Ерхан Селими.