Премиерот Христијан Мицкоски и претставникот на „Казанџи“ на прес-конференција

Турска компанија сака да гради гасни централи за струја и топлина во Македонија

Турската групација „Казанџи холдинг“ е заинтересирана да изгради когенеративни гасни централи во Македонија, кои покрај производство на електрична енергија, ќе произведуваат и топлинска енергија со која би се загревале домаќинствата во нашата земја – ова денес на прес конференција по средбата со претставници на „Казанџи“ го соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Заедно со централите, се предвидува и изградба на секундарна гасоводна и топлинска мрежа, а домаќинствата нема да имаат никакви трошоци за приклучување, најави Мицкоски, наведувајќи дека Турците ќе вложат околу милијарда евра во проектите.

Засега, како што објасни премиерот, се разгледуваат две опции: инвестицијата во целост да ја спроведе турската компанија или државата да влезе во јавно-приватно партнерство. За ова ќе се одлучи наскоро, по разгледувањето на законските и уставните можности, рече Мицкоски.

„Станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво“, рече тој на прес-конференцијата.

Тој додаде дека кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот и досега зборувал дека разговара со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух и дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот