Турчинка прегазена во Штип, со тешки повреди пренесена во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дваесетгодишна турчинка вчера била прегазена во Штип при што се здобила со тешки повреди.

„На 28.11.2023 во 19.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко моторно возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(51) од Штип, удрило во пешакот С.Е.(20) од Република Турција, со привремен престој во Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Е., констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот