Каис Саид и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/Francisco Seco / POOL

Тунижанец ќе биде погубен зашто напишал статус на „Фејсбук“ против претседателот

Суд во Тунис осуди 56-годишен маж на смрт поради објави на социјалните мрежи во кои го критикува претседателот Каис Саид, пресуда без преседан што предизвика јавен шок и осуда, пренесе АП.

Шефот на Туниската лига за човекови права и адвокатот на осудениот ја потврдија веста.

Осудениот, Сабер Чушан, физички работник со ограничено образование, беше уапсен минатата година поради објави на „Фејсбук“ во кои го критикуваше претседателот.

„Судија во судот во Набел осуди човек на смрт поради објави на Фејсбук. Тоа е шокантна пресуда без преседан“, изјави неговиот адвокат Усама Бутаља за Ројтерс, додавајќи дека пресудата е обжалена.

Министерството за правда сè уште не го коментираше случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот