фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Тудор имаше успешно деби како тренер на Јувентус

Со триумф заврши дебито на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус, откако денеска неговите фудбалер во 30 коло од Серија А дома ја совладаа Џенова со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Кенан Јилдиз после асистенцијата на Душан Влаховиќ.

Српскиот фудбалер Влаховиќ се врати во стартниот состав со враќањето на Тудор, додека интересно на клупата сега остана Французинот Коло Муани, кој беше редовен под водство на Тиаго Мота.

Јувентус на тој начин ја прекина лошата резултатска серија, каде претрпе два многу болни порази, па по оваа 14 победа сезонава стигна до 55 бодови и со тоа се доближи до Болоња која е на четвртото место со само бод заостанување.

Во следното коло од Серија А Јуве во дербито ја пречекува Рома на Олимпико, додека Џенова која го претрпе 11 пораз и е на 12 место со 35 бодови ќе се сретне против Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот