Илустрација / Фото: Pexels/ Karolina Kaboompics

Трошела само 1 евро дневно за храна, па купила три куќи: Го исполнила својот животен сон на 34 години

Саки Тамогами (37) е позната како „најштедливата жена во Јапонија“. Таа тврди дека штедела 15 години на храна, облека и козметика – и успеала да купи три куќи.

Така на само 34 години го исполнила сонот кој го зацртала како деветнаесетгодишна девојка, пренесува „Одити централ“.

„Не купувајте ништо ако не е на распродажба“, е мотото на оваа Јапонка која работи како агент за недвижности.

Саки тврди дека прво престанала да купува нова облека, а носела работи кои ѝ ги дале пријателите или семејството. Потоа ги намалила трошоците за храна. Најмногу купувала евтини намирници, како тестенини, тост или ротквици.

По осум години од овој режим го купила својот прв дом, а до 2019 година веќе имала три имоти. Саки се појави во популарна ТВ програма, каде што ги шокираше Јапонците со својата екстремна штедливост. Таа детално проговори за својата страст и истакна дека „ретко го надминува дневниот буџет од едно евро за храна“.

Не се грижи многу за шминка и фризура. Ја скратила косата и ја продала за 20 евра. Така обезбедила половина од месечниот буџет за храна. Вели дека овој начин на живот е тежок, но се навикнала и нашла утеха кога го погледнала салдото на нејзината банкарска сметка.

На 27 години од платата заштедила доволно за да купи куќа, северно од Токио, за 62.000 евра. Веднаш ја изнајмила, а хипотеката ја плаќала со месечна кирија. Таа продолжила да штеди и за неколку години купила уште еден имот за 111.000 евра. За третата куќа издвоила 231.000 евра.

Саки наведува дека го исполнила својот сон, но продолжува да живее со исто темпо, како и да им помага на мачките. Таа веќе отворила и кафуле за напуштени животни во приземјето на една од нејзините куќи и планира да инвестира во други имоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!