
Тројца мртви во терористички напад во Кабул
Три лица загинаа, а четворица се повредени во терористички напад во главниот град на Авганистан.
Препорачано
„Комбе експлодираше во 16-та полициска област во Кабул, при што загинаа три лица, а четворица се повредени“, изјави портпаролот на полицијата Калид Задран, пренесува Еј-би-си њуз.
Тој изјави дека припадниците на полицијата веќе уапсиле едно лице за кое постои сомнеж дека е вмешано во овој терористички напад.
Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападот, но огранокот на терористичката Исламска држава (ИД) во регионот во минатото често ги напаѓаше шиитите, кои ИД ги смета за отпадници.
Ова е втор ваков напад во Кабул за една недела. Во саботата пет лица загинаа, а 15 беа повредени кога терористите на Исламската држава разнесоа минибус.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
10мин
-
15мин
-
17мин
-
21мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5