Охридско Езеро
Охридско Езеро / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трипуновски: Во Охридското Езеро ќе се спроведе вештачки мрест на пастрмката

Планирано е оваа година Охридското Езеро да биде порибено со милион и педесет илјади парчиња подмладок, од кои 600 илјади подмладок одгледан во Хидробиолошкиот завод и 450 илјади парчиња млада охридска пастрмка одгледана во мрестилиштето во Шум.

На Охридското Езеро во тек е изловот на полово зрели единки на ендемичниот вид пастрмка, што се користат за измолзување односно собирање икра наменета за вештачки мрест.

На активностите денеска на терен присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој посочи дека станува збор за активност насочена кон заштита на тој ендемичен вид риба.

-Оваа активност е многу важна за нас како Министерство и како држава оттаму што со тоа се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства. Наредната година продолжуваме со зголемена финансиска поддршка што ќе значи поголем број млади единки со кои ќе биде порибено Охридското Езеро – рече Трипуновски.

Станува збор активност за порибување на езерото со подмладок охридска пастрмка што ќе биде одгледуван во капацитетите за инкубација на Хидробиолошкиот завод и на мрестилиштето во Шум, кај Струга.

Според она што беше истакнато денеска, оваа сезона од 16 јануари досега се собрани 250 илјади зрна икра, што ќе бидат одгледувани во Хидробиолошкиот завод.

Планирано е оваа година Охридското Езеро да биде порибено со милион и педесет илјади парчиња подмладок, од кои 600 илјади подмладок одгледан во Хидробиолошкиот завод и 450 илјади парчиња млада охридска пастрмка одгледана во мрестилиштето во Шум.

Активноста за вештачко порибивање следува по пауза од шест години, а се реализира во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Популацијата на ендемичниот вид охридска пастрмка е во опасност, причината за тоа се многу фактори, но најмногу поради неконтролираниот излов односно рибокрадството. Само во периодот од летото минатата година досега во акции за спречување нелегален риболов од езерото се запленети вкупно 709 парчиња рибарска мрежа, во вкупна должина од 47 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот