
Трикови кои ги зголемуваат шансите жената да постигне оргазам
Сите сакаат да веруваат дека се добри во сексот – а тоа всушност и не е толку тешко. За да бидете „љубовник од соништата“ на повеќето жени, сè што навистина треба да направите е да запомните неколку клучни работи. Имено, сигурно знаете дека на жените им треба многу повеќе време за оргазам отколку на мажите, пишува „Дејли стар“.
Препорачано
Студија од 2019 година покажала дека, во просек, на жената ѝ се потребни околу 13,41 минути, за да постигне оргазам преку пенетрација, а понекогаш може да потрае многу подолго од тоа.
Исто така, важно е да се запамети дека на повеќето жени, всушност им е потребна поголема стимулација на клиторисот за да постигнат оргазам.
Ако сакате секој пат да ги зголемите шансите таа да доживее оргазам, постојат трикови за поголемо задоволство.
Не брзајте за оргазам
Добриот секс не е само кулминацијата, па затоа не треба да работите само кон крајната цел. Одвојте време, експериментирајте малку и забавувајте се.
Фокусирајте се на клиторисот
Истражувањата покажале дека помалку од 20 отсто од жените можат да доживеат оргазам само преку пенетрација. Тоа значи дека треба да го насочите вниманието на една работа – клиторисот. Покрај допирањето, постојат одредени положби на кои можете повеќе да ја стимулирате областа.
Откријте што ѝ се допаѓа
Иако постојат одредени начини генерално да ги зголемите вашите шанси да бидете добри во кревет, исто така е важно да зборувате за вашите сексуални желби.
Не ја потценувајте моќта на бакнежот
Бакнувањето често е клучот за постигнување оргазам, покажало истражување спроведено во 2017 година, на повеќе од 50.000 возрасни лица. Кога ќе го комбинирате бакнувањето, со орален секс и стимулација на гениталиите, ќе го имате совршениот рецепт за успех.
Влезете во нивните фантазии
Не срамете се да ја прашате партнерката за нејзините фантазии. Пронаоѓањето на нешто што навистина ја возбудува, може многу да помогне. Но, додавањето нова приказна во вашите игри никогаш не е лоша работа.
Фокусирајте се на вратот
Вратот е многу чувствителен дел од нашето тело, што значи дека е едно од најдобрите места за допирање. Бакнувањето на вратот често може да ги излуди жените.
Размислете за секс играчки
Додавањето секс играчки за време на сексуалниот однос, може да придонесе за поголемо задоволство. Многу жени ги користат за самозадоволување, но можете и да ги внесете во вашата врска за да ги зачините работите.