фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Три тима го посакуваат Леброн пред пензија

Доколку Леброн Џејмс следното лето стане слободен играч, веќе е познато кои тимови би сакале да го доведат како последна „станица“ во неговата славна кариера. Во јавноста се појавуваат бројни шпекулации за неговиот следен потег – од можноста да побара размена, па сè до целосно повлекување од кошарката.

Леброн има договор со ЛА Лејкерс до крајот на наредната сезона. Ако одлучи да продолжи да игра и по неа, меѓу најзаинтересираните клубови за неговиот потпис, според „Dallas Hoops“, се Голден Стејт Вориорс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс.

Се смета дека неговиот следен клуб би бил воедно и последното поглавје во неговата НБА кариера, особено бидејќи сè почесто се поставува прашањето колку време му останува во лигата.

И покрај тоа што има 40 години, минатата сезона Леброн одигра 70 натпревари за Лејкерс, со просек од 24,4 поени, 7,8 скокови и 8,2 асистенции по меч – уште еднаш покажувајќи дека и понатаму има многу да понуди на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот