Полиција Британија / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Три лица уапсени во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Британската полиција уапси три лица под сомнение дека помагале на странска разузнавачка служба, велејќи дека истрагата е поврзана со Русија, односно за шпионските активности на Москва во Велика Британија.

Тројцата уапсени – двајца мажи, на возраст од 41 и 46 години, и 35-годишна жена – беа уапсени во Есекс, источно од Лондон, обвинети за прекршоци според Законот за национална безбедност, кој стапи на сила пред две години, давајќи им нови овластувања за таргетирање на заканите од странски држави.

„Преку нашите неодамнешни случаи поврзани со националната безбедност, гледаме зголемен број на лица (…) кои се регрутирани од странски разузнавачки служби“, рече командантот Доминик Марфи, шеф на Службата за борба против тероризмот на лондонската полиција.

Лондон постојано ја обвинува Русија или нејзините агенти дека стојат зад шпионските заговори и саботажните мисии во Велика Британија и низ цела Европа, а шефот на британската контраразузнавачка агенција вели дека руските агенти се обидуваат да предизвикаат „хаос“.

Кремљ ги негира обвинувањата, велејќи дека британската влада постојано ја обвинува Русија за сè „лошо“ што се случува во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот