викторија николова протест
Положени цвеќиња во сеќавање на младата Викторија/ Фото Слободен печат/ Марина Дамчевска

Три години затвор за возачот кој ја усмрти девојката кај Сити Мол

„Јордан Ѓоргиев е виновен за тешки дела против луѓето и безбедноста во сообраќајот кој со своето возило „цитроен“ удрил во Викторија Николова и во Леонид Даов, кои како пешаци го преминувале булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити Мол. Од незгодата починала Николова, а тешки повреди здобил Даов. Со ова обвинетиот сторил кривично дело. На обвинетиот му се одредува казна од три години и во период од три години му се забранува да му се издаде и возачка дозвола“, пресуди денеска Основниот суд во Скопје за трагедијата кај „Сити Мол“.

Дваесет и двегодишниот Јордан Ѓорѓиев, возачот кој во јануари годинава на раскрсницата кај Сити Мол ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, а повреден беше и нејзиниот партнер Леонид Даов, призна вина за сообраќајната несреќа. Тој пред судијката Љубинка Бошевска рече дека „многу се кае за стореното дело“.

– Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото. Изразувам сочувство до семејството на покојната. Од тој ден немам ниту миг раат, многу сум вознемирен, камо да можев да сменам нешто тој ден. Доколку би можел, радо би го заменил местото, говореше низ солзи 22 годишниот Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

Обвинетиот за смртта на Викторија Николова призна вина: Многу се каам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот