
ФОТО | Три години по скандалозното судење со Џони Деп и две години од последниот филм, Амбер Херд се враќа на актерството
По три години откако беше во центарот на едно од најзвучните судења во Холивуд и две години од нејзиниот последн филм, Амбер Херд се враќа на актерството, но не на големото платно, туку на сцената. Актерката потврди на Инстаграм дека учествува во претставата „Духот на народот“ од познатиот американски драматург Џереми О. Харис, кој е познат на публиката по своите признати и провокативни текстови.
Препорачано
Претставата ќе има премиера ова лето на Театарскиот фестивал Вилијамстаун во Масачусетс. Заедно со фотографијата со Харис, Амбер накратко напиша: „Во мојата театарска ера“.
View this post on Instagram
Ова е нејзината прва актерска улога од 2023 година и филмовите „Аквамен и изгубеното кралство“ и „Во огнот“.
Според авторот, претставата „започнува со непријатни прашања за земјата и нејзиното уништување“, а работењето на неа, вели тој, е надвор од неговата зона на удобност.
„Половина од претставата е на шпански, а јас не зборувам шпански. Има многу проза, а јас не сум прозаист. Ова е нешто сосема ново за мене“, изјави Џереми О. Харис за „Вариети“.
Покрај Херд, во екипата се и Брендон Флин, Ато Бланксон-Вуд, Џејмс Кусати-Мојер и други млади актери од американската театарска сцена.
Интересно е што оваа објава дојде само еден месец откако Херд ги изненади обожавателите со веста дека станала мајка на близнаци, девојчето Агнес и момчето Оушн.
Таа ја сподели објавата на Денот на мајките, заедно со фотографија од стапалата на нејзиното бебе и емотивна порака:
„Оваа година го славам комплетирањето на семејството што сакав да го создадам со години. Мојата ќерка Агнес и синот Оушн ми ги полнат рацете и срцето.“
Херд веќе ја има четиригодишна ќерка, Уна Пејџ.
Актерката се пресели во Мадрид во 2022 година, каде што, како што самата рече, ужива во приватноста и животот подалеку од хаосот на Холивуд. Преселбата се случи кратко по завршувањето на судењето на Џони Деп, кое со месеци беше на насловните страници низ целиот свет, како и главна тема на социјалните мрежи.