
Три ерогени зони кои многумина ги забораваат, а може да го „зачинат“ вашиот сексуален живот
Сексуалниот терапевт и автор Емили Морс редовно споделува совети за секс и задоволство, а сега допира до три занемарени ерогени зони кои ветуваат интензивно задоволство во вашиот сексуален живот, пишува „Дејли стар“.
Препорачано
Американеката има уреден трик како да ја зачини предиграта. Морс е позната по советите за интимност и задоволство. Сексуалниот терапевт обично ги споделува своите предлози на социјалните мрежи и на нејзината веб-страница.
Сега таа на социјалните мрежи открива кои се трите потценети ерогени зони за да ја „зачини“ вашата предигра.
„Дали ќе го пробате ова вечерва? Сакате да ја зачините предиграта? Пробајте ги овие 3 потценети ерогени зони“, вели Емили, а потоа објаснува кои точки ветуваат интензивно задоволство.
Тие се наоѓаат зад коленото, на лакот на стапалото и на страната на торзото.
„Тоа место зад коленото е едноставно…неодоливо“, потврдува таа.
„Торзото. Апсолутно“, вели Морс.
“Не заборавајте да грицкате нежно околу колкот, ако одите таму“, додава.
Истражувањето на потценетите ерогени зони како задниот дел на коленото може да додаде привлечна промена на предиграта, претворајќи го интимниот однос во прекрасно патување.
Експертот објасни дека не е тајна дека и подобрата комуникација може инстантно да ја подобри интимноста. Верува дека е важно да се знае што сакаат и што не сакаат партнерите во кревет.
Инаку, Емили е прилично отворена за нејзиниот љубовен живот, признавајќи дека сексот бил разочарувачки во нејзините млади години. И сега таа ја презема контролата во нејзините 50-ти, но им помага и на другите.