
„Тргнуваме по свој пат“: Тори Спелинг се разведува од сопругот по 18 години брак
Американската актерка Тори Спелинг (50) поднесе барање за развод на бракот со актерот Дин Мекдермот (57) по 18 години заеднички живот и побара старателство над нивните малолетни деца – Лијам (17), Стела (15), Хети (12), Фин (11) и Бо (7).
Препорачано
Според правните документи до кои дојде „Ти-ем-зи“, актерката го навела 17 јуни 2023 година како датум на разделба, наведувајќи ги како причина непомирливите разлики. Спелинг побара самостално физичко старателство над децата и заедничко правно старателство според кое таткото може да ги посетува децата според договореното. Таа, исто така, побарала од судот да го принуди Мекдермот да плаќа алиментација и да му ја одземе можноста да го бара истото од неа.

Актерот ја сподели веста за разводот на својот инстаграм-профил.
„Со голема тага и тешко срце објавувам дека по осумнаесет години брак и пет прекрасни деца, Тори Спелинг и јас решивме да тргнеме по својот пат. И покрај овој нов почеток за нас, ние заедно ќе продолжиме да ги воспитуваме нашите деца. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој тежок период за да можеме да го поминеме што е можно полесно“, напиша тој.
Да потсетиме, Тори Спелинг и Дин Мекдермот се венчаа во 2006 година, набргу откако тој се раздели од неговата прва сопруга Мери Џо Еустас, со која го има синот Џек. Само неколку дена по објавувањето на веста за нивниот развод, извор близок на парот ексклузивно изјави за „Сан“ дека нивниот брак е „целосна катастрофа“ кон крајот.
Во постојана агонија: Ѕвездата на „Beverly Hills 90210“ и нејзините деца болни поради мувла