
Третото место за кошаркарите на Работнички во плеј-офот
Во вториот натпревар, оној за конечен пласман, кошаркарите на Работнички беа подобри од ТФТ Моцарт со конечен резултат 96:68. Работнички ја заврши натпреварувачката сезона 2023/2024 во Првата македонска лига како третопласиран.
Препорачано
Првиот период од мечот во СРЦ „Кале“ беше и најизедначениот, по првите 10 минути, гостите имаа минимална предност (18:17). Но, Работнички се покажа како подобар состав и во наредните две, во кои се стекна со голема предност.
На крајот од третата четвртина, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб водеше со 66:51. Само како потврда на подобрата игра во текот на тие 30 минути.
Предноста на Работнички се покажа како сосема доволна за да ја одбранат во оние 10 кои беа и последните за двете екипи во оваа сезона.
Ѓуроски реализираше 22 поени, Трајс и Шошкиќ по 13, а Ефремовски имаше уште 12 поени кај победникот, додека кај ТФТ, Верц заврши со 14 поени, Хаутон имаше двоен ефект од 13 поени и 11 скокови, додека Калхун и Ташовски додадоа по 12 поени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
46мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5