Фестивал на јапонска култура „Сакура“

Третото издание на „Сакура фестивал“ ќе содржи богата програма со уметнички содржини

Единствениот фестивал на јапонска култура во земјава „Сакура фестивал“ го најави своето трето издание, кое ќе се одржи на 1 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.

Организацијата „Јапан@мк“, која се занимава со промовирање на јапонската култура во земјава, во нивните објави најавуваат тема што ќе се занимава со природата и одржливоста, односно како да научиме од далечната источна култура да ја почитуваме и да живееме во склад со природата градејќи си подобра иднина.

Слоганот на фестивалот за оваа година е „Расцути ја иднината“, фрлајќи светло на нашата лична одговорност и ангажираност за тоа каква иднина ќе доживееме како заедница.

Од „Јапан@мк“ најавуваат богата програма, опфаќајќи уметнички изложби, настапи и перформанси, панел дискусии, мода, презентации, боречки вештини, гејминг, концерти и многу забава. Секако, ќе може да се проба и јапонска храна и да се набават сувенири.

Меѓу настаните со кои се најавува фестивалот, на 18 мај во КСП „Центар-Јадро“, со почеток од 13 часот, ќе се одржи работилница за создавање уникатни ликови со манга стил.

Работилницата ќе ја води Тања Вукобрат, дипломиран графички дизајнер на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје. Таа работи како фриленс-илустраторка веќе десет години, а најчесто изработува детски илустрации и корици на книги. Има остварено соработка со издавачките куќи „Просветно дело“, „Чудна шума“, „Или-или“, „Македоника литера“ и „Арс ламина“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 231, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19.5.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!