Фото: Принтскрин/ Јујтуб

Трејлерот за „Дедпул и Волверин“ го собори светскиот рекорд за најгледан досега со 365 милиони прегледи

Првиот трејлер за „Дедпул и Волверин“, со Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен во главните улоги, дебитираше за време на Супербол во неделата и го собори светскиот рекорд за најгледан досега, пишува „Дејли мејл“.

Трејлерот за долгоочекуваниот трет дел од франшизата беше објавен во недела, на 11 февруари, и оттогаш стана најгледаниот трејлер на сите времиња, надминувајќи го вториот миленик на фановите на „Марвел“.

Според „The ​​Walt Disney Company“, во првите 24 часа од објавувањето, трејлерот имал неверојатни 365 милиони прегледи. Ова значи дека официјално го надмина првиот објавен трејлер за „Spider-Man: No Way Home“, кој во 2021 година собра 355,5 милиони прегледи за 24 часа од неговото објавување.

Новиот дел на „Дедпул“ го режираше Шон Леви, режисерот на франшизата „Ноќ во музејот“, кој соработуваше со Рејнолдс на филмовите „Слободен човек“ и „Проектот Адам“. Заедно со Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, во филмот играат Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфадиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот