Фото: Screenshot

Трапановски: Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници

Македонската фудбалска репрезентација во септември ја очекуваат два натпревари со кои ќе го стартува новото издание во Лигата на нации.

Прво на 7 септември ќе гостуваме на Фарски Острови во Торшван, додека три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаме Ерменија. Денеска за медиумите зборуваше дебитантот во националниот тим, Кристијан Трапановски.

„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука иако ми е првпат“, вели Трапановски. Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“, изјави Трапановски.

Трапановски не крие дека квалитетот е на наша страна и верува дека теренот (вештачка трева) и времето нема да бидат проблем ако ние одиграме онака како што можеме.

„Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарски Острови. Теренот и времето нема да прават проблеми ако ние бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода“, смета Трапановски.

Трапановски повикот во националниот тим го обезбеди со одличните настапи во Шкотска во тимот на Данди јунајтед каде што пристигна ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот