
Трансродноста веќе не е ментална болест – Еве како ќе биде класифицирана отсега
Светската здравствена организација на светското здравствено собрание кое се одржува во Женева, донесе одлука за отстранување на трансродноста од листата на ментални заболувања.
Препорачано
Како што соопшти Светската здравствена организација (СЗО), со ова во Меѓународната класификација на болести, трансродноста наместо како заболување, ќе се третира како состојба.
– На овој начин на меѓународно ниво се врши првиот чекор кон депатологизација на трансродноста, а сите земји членки (на СЗО) од 2022 година треба да почнат со примена на новата Класификација, со што се остава доволно време за национална имплементација на документот, како и спроведување на сите неопходни промени на национално ниво, се наведува во соопштението на СЗО.
Светското здравствено собрание е повеќедневна конференција на Светската здравствена организација, во чија работа учествуваат претставници на министерствата за здравство на земјите членки на СЗО. Собранието заседава еднаш годишно и тоа по правило во текот на мај. Овогодишното Светското здравствено собрание започна вчера.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
19мин
-
26мин
-
33мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5