фото:твитер

„Трансфермаркт“: За осум милиони евра повисока цената на Барди!

Енис Барди (25) од враќањето на терените после паузата поради Ковид-19 до крајот на сезоната блесна во дресот на Леванте со пет голови. Севкупно сезоната во шпанската „Ла Лига“ ја заврши со седум погодоци и две асистенции во 30 натпревари.

Денеска „Трансфермаркт“ ја објави најновата цена на македонскиот репрезентативец и таа стана уште повисока. На 8 април 2020 година вредеше 12 милиони евра, а од денеска неговата цена е 20 милиони евра.

Благодарение на неговите настапи во најсилното шпанско првенство го привлече и вниманието на премиерлигашкиот гигант Арсенал.

Шпанската „Марка“ предвидува дека Леванте добри би заработил евентуалната можна продажба на Барди, а Меѓународната организација на спортски студии го вреднува и до дури 30 милиони евра.

Има важечки договор до 30 јуни 2022 година, Леванте кој и следната сезона ќе биде дел од елитата, за само 1.5 милион евра успеа да го ангажира Македонецот од унгарскиот клуб Ујпешт.

фото: принтскрин/transfermarkt.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот