
Трамп: Крим ќе остане во Русија, мировниот договор во Украина е многу блиску
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговорите за решавање на конфликтот во Украина се одвиваат добро и дека мировниот договор е „многу блиску“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „разбира“ дека Крим ќе остане во Русија како дел од договорот и дека верува дека Украина никогаш нема да може да му се приклучи на НАТО.
Препорачано
Во интервју за американскиот магазин „Тајм“, Трамп изјави и дека верува оти постигнувањето нуклеарен договор со Иран е возможно и дека не се шегувал кога зборувал за преземање на Гренланд, претворање на Канада во 51-та американска држава и преземање контрола врз Панамскиот канал.
Тој ги нарече првите 100 дена од неговиот мандат „неспорен успех“, велејќи дека го прави токму она за што водел кампања.
Коментирајќи ја неговата претходна изјава дека „ќе ја заврши војната во Украина на првиот ден“ од неговиот мандат, Трамп рече дека „тоа го кажува фигуративно“.
„И го кажав тоа како претерување, за да поентирам. Очигледно, луѓето знаат дека кога го кажав тоа, беше кажано на шега, но беше речено и дека ќе заврши“, објасни Трамп.
Тој повтори дека војната во Украина „никогаш немаше да се случи“ доколку тој беше претседател, наведувајќи дека „тоа е војна на Бајден“.
На прашањето дали е можен мир во Украина додека Владимир Путин беше на чело на Русија, Трамп одговори дека „мисли дека мирот е можен“.
„Мислам дека со мене како претседател, тоа е можно… Ако некој друг биде претседател (на САД), нема шанси. Да, мислам дека Путин ќе го стори тоа. Мислам дека Путин повеќе би сакал да го направи тоа поинаку. И мислам дека поради мене, верувам дека јас сум единствениот што може да преговара за ова – рече тој.