Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Трамп ја поништи одлуката за поништување на визите на илјадници странски студенти
Администрација на претседателот на САД Доналд Трамп неочекувано ја повлече одлуката за поништување на над 1.500 студентски визи, изјави денеска претставникот на Министерството за правда за време на судско рочиште во Вашингтон, Џозеф Карили.
Препорачано
Тој додаде дека имиграциските служби работат на нов систем за преглед и евентуално укинување на визи, и дека додека не заврши тој процес, нема да има нови поништувања.
Чекорот следува по бројни индивидуални тужби од студенти, чии визи беа укинати без јасно образложение, во некои случаи поради мали сообраќајни прекршоци, а во други без очигледна причина. Дел од студентите веќе ги напуштија САД.
Во март, администрацијата на Трамп почна со поништување на визи и депортација на студенти, кои учествувале во антиизраелските протести, но судовите ја стопираа таа акција. Стотици студенти, особено од Индија и од Кина, добиле известување за укинување на визите, што предизвика загриженост во академските кругови.
Карили најави дека Владата ќе ја официјализира новата политика и за други случаи, што би било олеснување за студентите кои сакаат да останат во земјата до завршувањето на студиите.
Во меѓувреме, се поднесуваат нови тужби за спречување на понатамошни поништувања на визи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
11мин
-
19мин
-
43мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5