
Трамп и Стармер не се согласуваат околу можноста за палестинска држава
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп, разговарале долго за прашањето за палестинска држава за време на приватен разговор, додека американскиот лидер призна дека двајцата „не се согласуваат“ по ова прашање.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Минатата недела, Генералното собрание на ОН гласаше со огромно мнозинство од 142 „за“ и 10 „против“ во корист на решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави и го повика Израел да се обврзе на создавање палестинска држава, на што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро се спротивставува. САД гласаа против таа необврзувачка резолуција.
Се очекува таа тема да биде дискутирана на собирот на светските лидери на годишната сесија на Генералното собрание на ОН следната недела. Трамп и Стармер го изјавија ова за време на заедничката прес-конференција на крајот од посетата на Трамп на Велика Британија.
Посетата беше полна со кралски помпезност и церемонии што ги демонстрираа силните врски и соработката меѓу двете земји.
Стармер рече дека времето на британското признавање на палестинската држава, кое се очекува во наредните денови во ОН, нема никаква врска со државната посета на Трамп. Тој го кажа ова по извештаите дека чека да заврши таа посета пред да го направи тој потег. Стармер исто така го бранеше начинот на кој Велика Британија ја почитува слободата на говорот, што беше критикувано од сојузниците на претседателот Трамп.
Стармер беше прашан зошто луѓето се апсат за објавување на социјалните медиуми.
Велика Британија има закони што поставуваат ограничувања за говорот на омраза на социјалните медиуми и се обидуваат да ги спречат децата да гледаат веб-страници за самоубиства и друга штетна содржина. Стармер рече дека е горд на вековната традиција на слобода на говор на неговата земја.
„Јас сум целосно за слобода на говор. Исто така, јас сум целосно за заштита на децата од работи што ќе им наштетат“, рече Стармер.
Трамп се пожали на тешкотијата во решавањето на војните и го критикуваше својот претходник Џо Бајден за начинот на кој беше спроведено повлекувањето на САД од Авганистан.
Тој рече дека американската војска треба повторно да воспостави контролен пункт во Авганистан и додаде дека тоа е ударна вест, но АП, која објави за тоа, изјави дека Трамп зборувал за тоа и претходно. Трамп повтори дека присуството на САД во базата Баграм во Авганистан е вредно поради нејзината близина до Кина, најсилниот економски и воен конкурент на Америка.
На прашањето како би го советувал британскиот премиер да се справи со миграцијата во Велика Британија, Трамп рече дека му рекол на Стармер дека ќе ја спречи.
„Тоа ги уништува земјите одвнатре“, рече Трамп на прес-конференција, осврнувајќи се на миграцијата. Тој рече дека не е важно какви средства, вклучително и воени, користи некој лидер за да ја контролира.
Трамп рече дека војната во Украина би бил најлесниот конфликт за решавање поради неговиот однос со претседателот (Владимир) Путин.
„Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.
Контактот на Трамп со Путин, вклучително и самитот во Алјаска, не успеа да доведе до дипломатски пробив во војната што започна со руската инвазија.
Стармер го критикуваше Путин за зголемените напади на Русија врз Украина во последните недели.
„Ова не се постапки на некој што сака мир“, рече Стармер.