Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Трамп бара да се уапсат градоначалникот на Чикаго и гувернерот на Илиноис

Американскиот претседател Доналд Трамп денес повика на апсење на градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, и гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, обвинувајќи ги двајцата демократи дека не ги заштитиле федералните службеници на Службата за имиграција и царина (ICE), пренесуваат американските медиуми.

„Градоначалникот на Чикаго треба да биде во затвор затоа што не ги заштитил службениците на ICE! Гувернерот Прицкер исто така!“ напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Минатата недела, американскиот лидер одобри испраќање војници на Националната гарда во Чикаго, третиот по големина град во земјата, и покрај противењето на локалните и државните службеници.

Членовите на Националната гарда на Тексас пристигнаа синоќа во Центарот за обука на резервисти на американската армија во Елвуд, југозападно од Чикаго, каде што ќе поминат обука пред да бидат распоредени да ги заштитат федералните објекти и службениците за имиграција и царина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот