
Трајкоски, Савревски и Оливеира Силва го напуштија РК Алкалоид
По освоената историска титула во Европскиот куп на ЕХФ, ракометарите на Алкалоид им се вратија на обврските во домашното првенство.
Препорачано
Играчите на тренерот Кирил Лазаров пред своите навивачи во салата Автокоманда ги завршија настапите на домашен терен во деветтото коло од плејофот со победа над ГРК Охрид (33:24).
Најдобар стрелец во победничките редови беше Гарбески со осум голови, пред Џонов со шест. На спротивната страна девет погодоци беа дело на Винисиус, следен од Костов со шест.
Во последното коло од Суперлигата, Алкалоид ќе гостува кај РК Бутел Скопје, додека ГРК Охрид ќе го пречека Тиквеш.
Воедно тројца ракомеатри на Алкалоид добија посебни благодарници од клубот за досегашната соработка.
Благојче Трајкоски, Давид Савревски и Франциско Оливеира е Силва се ракометарите кои заминуваат од клубот на крајот на сезоната.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5