фото: EPA/LAURENT GILLIERON

Трагедија: Млад фудбалер почина на тренинг во Неапол

Младиот фудбалер Диего де Виво (14) почина непосредно пред почетокот на тренингот во Неапол, Италија.

Де Виво бил подготвен да влезе на теренот и се чинело дека нема никакви проблеми. Според информациите добиени од Неапол, неговите родители биле покрај теренот и сакале да присуствуваат на тренингот.

Помошта пристигнала брзо. Прво се обиделе да помогнат техничарите и менаџерите на клубот, а потоа и брзата помош, но не успеале да го спасат момчето.

Фудбалската школа Кантера ги прекина сите активности.

– Обдукцијата ќе ги разјасни причините за смртта на младиот 14-годишен фудбалер, кој почина синоќа, среда, 26 март, на теренот на фудбалската школа во Неапол, на општинскиот пат Селва Кафаро во Сан Пјетро а Патриерно, во северниот дел на градот. Младиот човек, член на фудбалската школа „Кантера Наполи“, пред тренингот паднал на земја. Телото сега е достапно на судските власти за анализа за да се утврди причината за смртта – објавија локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот