Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трабзонспор ја одредил цената за Барди, понуда пристигнала од МЛС лигата

Енис Барди пред два дена со порака на социјалните мрежи најави останување во Трабзонспор, меѓутоа сега турските медиуми пренесуваат дека до турскиот клуб пристигнала официјална понуда за македонскиот репрезентативец.

Претходно Барди се поврзуваше со Жирона, Торино и ЛА Галакси, а сега се наведува дека понудата е од клуб од МЛС лигата, но неговото име не се открива.

Трабзонспор е спремен да го продаде Барди, меѓутоа наводно не се за сума помала од 4.5 милиони евра.

Засега нешто конкретно за понудата од САД нема, па останува во наредниот период да видиме дали ќе има нешто посериозно. Во Турција, Барди пристигна минатото лето од Леванте каде што помина пет години. Дресот на поранешниот турски шампион го носеше на 42 натпревари и постигна седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот