Енур Тотре, повремен репрезентативец на Македонија/Фото: ffm.mk

Тотре: Недостасуваат играчи, но ќе дадеме максимум да се пласираме во Лигата Б!

Енур Тотре поради технички пропуст не беше пријавен за дуелот против Естонија, но повторно е во составот на македонската А репрезентација и ќе чека шанса за настап од селекторот Игор Ангеловски за решавачкиот натпревар против Ерменија.

Потсетување в среда од 18.00 часот во Никозија ќе играме против Ерменците во битка за првото место кое води во повисокиот ранг „Лига Б“ од УЕФА Лигата на нации, а таа цел можеме да ја оствариме и со реми.

Тотре, фудбалерот на Шкендија може да помогне во средниот ред откако останавме за претстојниот меч без голем број стандардни репрезентативци, како Спировски, Николов, Барди, Елмас, Адеми, а ќе недостасуваат и Алиоски, Пандев, Димитриевски,  Ристевски, К. Велкоски.

Ангеловски ги повика дефанзивецот на Македонија ЃП, Томе Китановски и во средниот ред Дарко Мицевски (Вардар) и Душко Трајчевски (Докса, Кипар).

– Се пласиравме на ЕП, тоа го остваривме, секој натпревар е важен и го цениме. Знаеме за Ерменија за тимот, но за нас најважно е да ги спроведеме на дело задачите од стручниот штаб. Имаме многу промени, многу играчи недостасуваат, но јас верувам дека ќе го дадеме максимумот тие што сме тука. Важно е да бидеме први во оваа група, која носи пласман во Б сегментот – вели Тотре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот