Тошковски: Со Бојмацалиев имаме коректна соработка, техничката влада функционира катастрофално

Мвр прослава/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за МИА вели дека односот со неговиот заменик Митко Бојмацалиев е коректен.

-Нормално е да имаме несогласувања за одредени теми од аспект дали јас имам право сам да потпишувам или тој смета дека немам право да потпишувам – тоа е најнормално, но имаме коректна соработка и се надевам дека истата ќе продолжи така. За разлика од коректната соработка со дополнителниот и заменикот, морам да изразам огромна загриженост за незаконитоста во работењето на Владата заради тоа што Владата е таа која што треба да пресече и сите одлуки коишто ги носи ги носи незаконски, посочува Тошковски.

Техничката влада, според Тошковски, функционира катастрофално, укажувајќи дека основните законски обврски кои што треба да ги почитува, не ги почитува.

– Тотално без никакво правно и суштинско образложение, особено во делот на авторитарното право кое што Владата го смета дека и го дал Господ, ама не и законот да ми ги даде само ограничен од началниците на СВР коишто апсолутно имам право да ги барам по закон и притоа само за СВР Тетово да не ми дозволи да поставам јас дополнителен началник којшто ќе биде по мој избор, а дополнителниот да постави дополнителен началник којшто ќе биде по него избор. Тоа е прв факт кај што направиле катастрофален фаул и за којшто детално ги информирам сите претставници на меѓународна заедница и истите морам да кажам дека изразуваат огромна загриженост на демократскиот капацитет на оваа држава во делот на спроведување на фер и демократски избори, изјави Тошковски.

Најголем проблем, подвлекува тој, е тоа што преземаа обврска формално правно да образложат зошто го направиле тоа, а веќе месец дена нема образложение зошто.

– Не име и презиме, туку позиција началник на СВР Тетово не ми е дадена мене, а позиција дополнителен началник на СВР Тетово не му е дадена на дополнителниот заменик министер – не ми е јасно како одлука е донесена од страна на Владата и зошто до ден денеска немаме правно образложение, вели Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот