Топлотниот бран во Мексико одзеде десетици човечки животи

Архива

Десетици луѓе се жртви на екстремните горештини што погодија  Мексико во изминатите неколку недели, објави Министерството за здравство на земјата, предвидувајќи уште повисоки температури во наредните денови.

Мексико е подложен на временски феномен под висок притисок, познат како „топлинска купола“, кој зароби топол воздух над поголемиот дел од државата, создавајќи рекордни температури кои на некои места надминаа 45 степени Целзиусови.

Според прелиминарните податоци споделени од Министерството за здравство на Мексико големите горештините однеле животи на 22 лица во пеиодот од  12 и 21 мај.

Десетдневниот период се преклопи со вториот и третиот од петте топлотни бранови што ги предвидува метеоролошката служба од март до јули. Моментално е во тек третиот топлотен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот