
Тончи Хуљиќ искрено за зетот Петар Грашо: Откри каков татко е и каков сопруг на неговата ќерка Хана
Хана Хуљиќ и Петар Грашо неодамна станаа родители по вторпат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хана, инаку ќерка на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, неодамна се породи и роди машко дете, а пред четири дена го напушти породилното одделение.
Хрватскиот пејач Петар Грашо во неделата слета во Хрватска од Швајцарија, поради што не се знае дали успеал да стаса токму тој да ги земе сопругата и новородениот син од породилиштето, а сега се огласи и неговиот тест Тончи Хуљиќ кој откри како неговиот зет се снаоѓа со две мали деца и со водењето на кариерата.
– Засега успешно ги балансира улогите на татко, сопруг и музичар – изјавил Тончи, пренесува „24седам“ и додал:
– Многу е посветен на семејството, но посветено се подготвува и за големиот концерт во Белград – открил Хуљиќ, алудирајќи на настапот на неговиот зет, кој е закажан за 21 март следната година во Сава центар.
Да потсетиме, Петар и Хана на својот новороден син му го дадоа името Тони, по покојниот дедо на Грашо.
– Во семејството Грашо денеска се роди син. Го доби името Тони, по дедото на Петар, Тончи. Родителите се многу среќни како и сестричката Алба. Мајката и бебето се добро, а семејството Грашо дискретно ќе го прослави доаѓањето на новороденчето во кругот на семејството – порачаа тогаш за „Индекс.хр“ преку ПР-от Мартина Подгорски Кнок.
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го добија второто дете, синот го именуваа по дедото на пејачот
Петар Грашо за татковството: „Моите деца ќе бидат мамини, јас воопшто не сум дома“