Фото: Јутјуб/Твитер

Том Хенкс ја продаде „пеглата“ за 76.000 евра: Најскапо платен Фиат 126 во историјата

Познатиот актер Том Хенкс, пред еден месец, преку аукција ја понуди својата „пегла“ на продажба, а во меѓувреме овој автомобил доби нов сопственик кој за него издвоил дури 83.500 долари (околу 76.000 евра). Тоа е веројатно најскапо платен Фиат 126 во историјата.

А, сè започнало во 2016 година кога, малку на шега, Том Хенкс објави селфи со Фиат 126 во Будимпешта, каде што престојувал поради работа. Тоа било доволно за да го привлече вниманието на жителката на Биелско-Биала и обожавателката на Хенкс, Моника Јасколска.

Познато е дека „пеглата“ е еден од симболите на полската автомобилска индустрија, имајќи предвид дека овој мал автомобил е произведен од Полски Фиат, токму на местото каде што живее обожавателката на славниот актер.

Кога Јасколска го видела Хенкс како се фотографира со „пеглата“ во Унгарија, покренала широка кампања за да му се купи и подари еден автомобил. Хенкс бил пресреќен и донирал голема сума во болницата во која работела Јасколска.

Хенкс го доби автомобилот во 2017 година, а во 2021 година му овозможи сервис со замена на акумулатор, маслото за менувачот и влошките за сопирачките. Хенкс го регистрирал автомобилот во Ајдахо.

Шест години подоцна, Хенкс одлучил да го донира истиот Фиат 126 за финансирање на хуманитарната кампања „Скриени херои“.

Автомобилот беше понуден на продажба преку аукција на сајтот bringatrailer.com, каде достигна цена од 83.500 долари, што е веројатно историски рекордна цена за еден Фиат 126.

ФОТО+ВИДЕО | Том Хенкс ја продава „пеглата“: Цената достигна астрономски износ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот