
„Тој лек е дар“: Опра Винфри откри како ја довела својата линија до непрепознатливост
По неколкумесечни шпекулации во јавноста, американската водителка Опра Винфри (69) призна дека пиела апчиња за слабеење.
Препорачано
„Сега (откако ослабнав) го користам лекот по потреба, за да го контролирам јо-јо ефектот“, изјави таа за „Пипл“.
„Фактот дека постои медицински одобрен лек за управување со тежината, но и кој ми помага да останам задрава, за мене претставува олеснување. Тоа е како дар, а не нешто што би го криела“, додаде Винфри.
Познатата водителка не откри за кој лек станува збор, ниту дека е лекот за дијабетичари – Оземпик, кој им стана омилен на многу познати личности.
Но, Винфри, чија тежина варираше низ годините, откри дека станала поотворена да се сврти кон фармацевтските производи откако беше домаќин на панел дискусија со медицински експерти во јули годинава.
„Го имав најголемото ‘аха’ со многу луѓе во публиката. Сфатив дека сите овие години се обвинував себеси за прекумерната тежина и имам предиспозиција што ниту една волја не може да ја контролира“, се присети таа за „Пипл“.

Таа објасни дека постигнала голем успех со овој неименуван лек, истакнувајќи дека по Денот на благодарноста оваа година се здебелила само 0,2 килограми, наспроти 3,6 килограми минатата година.
Водителката призна дека сѐ уште не ја достигнала посакуваната тежина од 72 килограми, но напоменува дека не се работи за бројката на вагата.
„Ова е втора шанса за мене да живеам повитален и поживописен живот“, објаснува легендарната Опра.
Таа рече дека лековите се само дел од целокупниот фитнес и здравствен режим. Меѓу другото, планинарењето ѝ помогнало да ги постигне своите фитнес цели.
„Секој ден пешачев од 4 километри до 8 километри, а за викенди – 16 километри. Се чувствував посилно, посилно и поживо отколку што бев години пред тоа“, признава водителката.
Критики за Опра Винфри: „Луѓето немаат каде да живеат, а вие ангажирате пожарникари за вашиот имот“