
Титмус ја сруши Ледецки, продолжува доминацијата на Пити
Австралиската пливачка Ариарна Титмус е хероина на денот на пливачките натпреварувања на Игрите во Токио бидејќи успеа да ја симне од тронот Американката Кејти Ледецки.
Титмус во финалето на 400 метри слободно исплива совршена трка, постојано беше зад Американката не и дозволувајќи да се одвои, а во последните 100 метри го засили темпото и успеа да ја победи големата фаворитка. Титмус делницата од 400 метри слободно ја исплива за 3:56.69 минути постигнувајќи нов рекорд на Австралија и заостана амо 23 стотинки од светскиот рекорд кој го држи токму Ледецки која финалната трка ја исплива во време од 3:57.36 минути. Бронзениот медал и припадна на кинеската пливачка Ли Бингџи.
Препорачано
Sensational!
Adam Peaty defends his title in the men’s 100m breaststroke with a time of 57.37 to secure @TeamGB‘s first Olympic gold of #Tokyo2020.#Swimming @fina1908 #GBR pic.twitter.com/v09MVsotMD
— Olympics (@Olympics) July 26, 2021
Адам Пити ја продолжува доминацијата во дисциплината 100 градно. Неверојатниот англиски пливач ја одбрани титулата освоена во Рио де Жанеиро со време од 57.37 секунди, што е најдобро време на светот оваа година. Пити е без пораз на големите натпреварувања од далечната 2014 година, а со победата на 100 метри градно и го донесе првото злато за Велика Британија на Игрите во Токио.
Второто место го освои Арно Каминга од Холандија, додека трет е Николо Мартиненги од Италија.
When you realise you just won Olympic gold! ?#Swimming | #CAN pic.twitter.com/hKKFJlUYNc
— Olympics (@Olympics) July 26, 2021
Маргарет Мекнеил на светската титула на 100 метри пеперутка, утринава и ја додаде и олимписката. Девојката која пред 21 година е родена во Кина и го донесе златниот медал на Канада. Во возбудливото финале славеше со време од 55.59 секунди и заостана само 11 стотинки од светскиот рекорд кој го држи Сара Сјостром која потфрли во финалето и го освои само седмото место. На второто место се пласира Јуфеи Женг од Кина, а бронзениот медал заврши кај австралиската пливаќка Ема Мекион.
Во последната финална трка, американската штафета на 4х100 метри слободно очекувано го освои златниот медал. Дресел, Пиерони, Бекер и Епл славеа со време од 3:08.97 и беа за секунда и половина побрзи од второпласираната италијанска штафета додека третото место и бронзениот медал го освои Австралија.