Фото: Арне Дедерт/ДПА

Типичен работен ден: Германците седат просечно 10 часа на ден

Повеќе од 10 часа во текот на работниот ден – толку луѓето во Германија просечно поминуваат седејќи, покажаа резултатите од нова студија. Ова е нов рекорд, според извештајот на Германското здравствено осигурување, јавува ДПА.

На работа, испитаниците седат во просек три и пол часа, а уште два и пол часа поминуваат пред телевизор.

Патувањето со воз, автомобил или друго превозно средство трае 80 минути на ден, а користењето компјутер или таблет трае еден и пол час. Во остатокот од слободното време, луѓето седат уште 82 минути во просек.

Во извештајот се наведува дека околу еден час движење дневно е доволно за да се компензира седењето повеќе од осум часа.

Сепак, само околу една третина од оние кои седат многу – 30 проценти – всушност го надоместуваат тоа со еден час или повеќе физичка активност на ден.

Извештајот е создаден во соработка со Германскиот спортски универзитет во Келн и Универзитетот „Јулиус Максимилијан“ во Вирцбург.

Во анкетата учествувале околу 2.800 луѓе над 18 години низ цела Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот