фото: rkprolet.mk

Тинекс Пролет рутински до победа над Струга во плеј-аутот на македонскиот шампионат

Тинекс Пролет рутински го почна настапот во плејаутот од македонскиот ракометен шампионат, откако Тинекс Пролет попладнево на домашен терен лесно стигна до победа над Струга (30:23).

Избраниците на Матлиески одиграа квалитетен меч со исклучок на десетината минути во кои имаа голем пад на концентрацијата, но Тинекс Пролет имаше доволно и квалитет и искуство за да стигне до резултатот што го посакуваше.

Мечот почна во апсолутна доминација на домашниот тим, кој набрзина поведе со 8:3. Домашните ркаометари како да се опуштија по ваквиот старт, почнаа повеќе да грешат во нападот, а тимот на Струга знаеше како да го искористи тоа и да намали на 8:7, пред тренерот Матлиески да побара тајмаут. Стружани по тајмаутот израмнија на 8:8, неколку минути се играше „гол за гол“, но Тинекс Пролет сепак успеа да се одлепи кон крајот на полувремето и на одмор да замине со резултат 15:12.

Стружани се обидуваа да парираат и да ја намалат негативата, но голманот Даскалоски имаше неколку одлични интервенции, искусниот чувар на мрежата дури и погоди од сопствените шест метри за 20:16, означувајќи нова мини-серија на Тинекс Пролет. Резултатот беше рутински исконтролиран до самиот крај, Тинекс Пролет имаше и 28:20, за падот на концентрацијата во финишот да им овозможи на гостите да ја намалат разликата до конечните 30:23.

Покрај одличниот Даскаловски на голот, најзаслужни за победата се Андоновски и Стојановски со по шест погодоци, додека на спротивната страна по четири погодоци за Тинекс Пролет постигнаа Мајнов и Атанасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот