Тинекс Пролет го испрати во пензија својот најискусен ракометар

Фото: РК Тинекс Пролет

Дејан Пецаковски кој беше најискусниот ракометар од редовите на македонскиот суперлигаш, Тинекс Пролет на 38 години заминува во пензија.

Пецаковски дресот на Пролет го носеше од 2020 година, а по завршувањето на изминатата сезона одлучи дека е време да му каже збогум на ракометот.

Од редовите на Пролет му изразија благодарност придонесот во изминатите годините, а претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски го испратија со благодарница на последниот тимски собир. Низ кариерата искусниот ракометар настапуваше за Металург, Пелистер, Вардар, Зомимак, Макс Струмица и Еурофарм Работник.

Надвор од Македонија имаше краток престој во Клуб Африкан од Тунис, додека дресот на македонската репрезентација го носеше на 26 натпревари во кои постигна 29 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот