Куманово/ Фото: МИА

Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со мопед удрила во жардиниера

Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи мопед удрила во бетонска жардиниера, при што е тешко повредена и пренесена во болница, соопшти полицијата.

„На 15.05.2025 околу 10:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, А.Н.(18) од Куманово, управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Увид извршила екипа на СВР Куманово“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот