Фото: Промо

Тимот на македонскиот филм „Нова енергија“ на „Браќа Манаки“: Филмот имаше мал буџет, но навистина го работевме со цело срце

Во селекцијата на кратки филмови вчера беше прикажан македонскиот филм „Нова енергија“, а денеска на прес-конференција дел од тимот кој работеше на филмот проговори за предизвиците и начинот на снимање.

Режисери се Сара Климоска и Радован Петровиќ и тие проговирија за предизвиците и начинот на снимање, а кинематограферка е Бојана Андриќ

„Посебно задоволна сум од екипата со која работев и квалитетот на филмот се должи токму на тимот со кој работевме. Филмот се темели на вистински настан и можеби може да се каже дека како да подготвивме фамилијарен филм со сите што се приклучија во подготвката на филмот“, рече меѓудругото режисерката Климоска, додека пак вториот режисер Радован Петровиќ нагласи дека успешно го испланирале и завршиле целиот процес за филмот „Нова енергија“.

Бојана Андриќ сподели искуства како било да работи со двајца режисери.

„Многу одамна снимав кратки филмови и кога ме повикаа да работам на овој филм во Скопје ми беше предизвик да работам одново, да излезам на други локации, надвор од конфорот на Белград. Сите беа полни со ентузијазам и среќа што јас снимањето воопшто не го доживеав како некаков товар, напртив , уживав. Филмот имаше мал буџет, но навистина го работевме со цело срце. Кога снимам сакам да седам до режисерот, бидејќи тогаш ги следам неговите реакции и знам кон каде се движиме. Сакам да осетам како дише режисерот додека снимам и тоа е мојот принцип на работа“, рече Андриќ.

Сесилие Семец, кинематограферката на филмот „Соништа (секс, љубов) кој годинава доби „Златна мечка“ во Берлин на денешната прес конференција сподели исуства од снимањето на филмот.

„Целиот процес на работа одеше со договор меѓу сите инволвирани. И костимите играа важна улога, требаше да се знае кои бои ќе бидат битни за она што сакаме да го пренесеме. Станот на професорката требаше да биде топол, наспроти станот на мајката, но за да ја доловам топлината на станот на професорката ја употребив сопствената меморија кога јас прв пат се вљубив и чувството на занесеност, на замелушеност ја доловив со филтрите кои ги употебив, искористивме и рачна камера за да се пренесе субјективното чувство. За некого можеби има премногу бои, но за мене сметам дека успеавме да го доловивме тоа што сакавме“, рече Семец, која се заблагодари на фестивалот за поканата и за топлината со која е примена, и рече дека се надева дека ќе се врати пак.

Сесилие Семец / Фото: Промо

Одеи Забалета, кинематограферот на филмот „Ѓаволот пуши (и ги чува изгорените чкорчиња во истата кутија)“ кој вчера беше прикажан во рамките на официјалната селекција на 46. ИФФК „Браќа Манаки“, на денешната прес конференција говореше за наградите кои ги добивал низ фестивалите во светот.

„Кога дипломирав добив награда за краток филм за време на пандемијата. Бев изненаден бидејќи н знаев дека филмот воопшто бил пријавен.

Но, овој филм кој што го гледавте вчера во моментов се прикажува само надвор од границите на Мексико и има измешани реакции бидејќи се уште нема своја премиера во Мексико. Би сакале да го видат и Мексиканците бидејќи има многу локални културни референци во филмот кои не се секогаш детално примени од публиката бидејќи странската публика недоволно може да ги восприеми. Можеби ќе имаме поинакви реакции од публиката во Мексико и се надевам дека за еден месец ќе се случи премиерата. Во однос на осветлувањето, него го прспособувавме на децата кои играат во филмот, бидејќи ако требаше да се исплашат тоа го прилагодувавме на нив“, рече Забалета кој рече дека на момент филмот потсетува на документарец бидејќи петте деца не се професионални актери и да им дадеме простор да се снајдат.

Смих Јилдиз, кинематограферот на филмот „Гаран“ од селекцијата за кратки филмови“ сподели искуства од снимањето во специфични услови на границата, ноќно време и за време на војната во Сирија.

„Чест ми е што сум во Битола со други кинематографери и соработници од цел свет. Многу тешко беше да се сними овој филм зошто условите беа тешки, се снимаше на граница, со многу камиони, но лесниот дел беше што режисерот учествуваше уште многу одамна од реализацијата. Целиот филм е снимен 5 дена и 4 ноќи, а последната сцена ја преснимивме по една година. Кога имате помалку можности преовладува креативноста. Сум работел на филмови со мал буџет и постојано смислувам креативни идеи. Овде ги искористивме светлата од автомобилот и рачната светилка за ноќните сцени и ја постигнавме целта.

Што се днесува до преснимувањето на последната сцена, на режисерот не му се допадна како изгледа и целиот тим одлучи дека треба да се пресними бидејќи не ги одразуваше реалните состојби“, рече Семих, кој е кинематографер и на филмот „Денот кога Хеме умира“ кој беше прикажан на „Браќа Манаки“.

Рече дека одамна сонувал да дојде на фестивалот „Браќа Манаки“ и за него присуството во Битола е голема среќа и почестен е што два филма му се прикажаа годинава во рамките на фестивалот од кои едниот е турскиот кандидат за Оскар.

Смих Јилдиз / Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот