
Тимот кој ја елиминираше Шкендија е најголемата сензација во Лигата на шампионите
Тимот кој ја елиминираше Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, Карабах од Азербејџан, стана едно од најпријатните изненадувања на стартот од новата сезона во најелитното клупско европско натпреварување. Со две победи во првите две кола, Азербејџанците не само што се најдоа рамо до рамо со европските гиганти, туку и значително ја наполнија касата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По сензационалниот пресврт во првото коло против Бенфика во Лисабон, каде од 2-0 стигнаа до победа од 2-3, Карабах вчера пред својата публика го совлада и данскиот шампион Копенхаген со 2-0. Со максимален ефект од две победи, Карабах се најде во друштвото на Арсенал, Интер, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен кои имаат исто така максимален учинок.
Но покрај резултатскиот успех, клубот веќе ужива и во финансискиот бенефит од добриот старт. Со оглед на тоа дека секоја победа во групната фаза на Лигата на шампионите носи околу два милиони евра, Карабах веќе инкасираше над четири милиони евра, без да се смета заработката од квалификациите.
Во следното коло тимот од Баку го очекува нов предизвик , гостување кај Атлетик Билбао, шпанска екипа која сè уште е без бодови во новата сезона од Лигата на шампионите, па иако Шпанците ќе бидат фаворити нема да биде чудо ако видиме уште едно изненадување.
Презеемено од: Спорт.ком.мк