ТикТок / лого / Фото: Claudia Nass / Alamy / Profimedia

ТикТок се обидува да го замени Твитер, воведува објави само со текст

ТикТок најави воведување на објави само со текст, откако стана најновата технолошка компанија која сака да профитира од луѓето кои можеби бараат алтернатива за Твитер.

Платформата за споделување видеа ТикТок во понеделникот објави дека сега ќе им овозможи на корисниците да создаваат „содржина базирана на текст“, во потег што го карактеризира како „проширување на границите на создавање содржина за сите“ и „давање простор за сјај на пишаната креативност што ја видовме во коментарите, натписите и видеата“, пренесува „Гардијан“.

Корисниците ќе можат да додаваат и обоени позадини и налепници на објавите, кои имаат ограничување од 1.000 зборови. Веб-страницата ТекКранч објави дека воведувањето на функцијата „најверојатно ќе се појави на Твитер (сега Икс) и на Тредс“. Во својата последна промена од купувањето на Твитер во октомври, Илон Маск ја ребрендираше компанијата Икс, во потег кој коментаторите го означија како „екстремно ризичен“.

Твитер страда финансиски, објавувајќи во јули дека неговите приходи од реклами се намалиле за 50% бидејќи огласувачите ги задржале трошоците на страницата. Ривалските технолошки компании го искористија хаосот и пресвртот од купувањето на Твитер од страна на Маск како можност да привлечат дел од неговата база на корисници и да лансираат ривалски платформи.

Публиката на ТикТок е помлада од онаа на Инстаграм, а британското набљудувачко тело за комуникации оваа недела откри дека тој е извор на вести број еден за млади од 12 до 15 години, а потоа следат Јутуб и Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот