Марк Закерберг / ЕПА

ТикТок го уништи Фејсбук: На Цукерберг му се плачело на состанокот со вработените

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг ги собра своите вработени и побара од нив да се фокусираат на видео содржината, откако беше информиран дека акциите на компанијата изгубиле четвртина од вредноста.

На денешниот виртуелен состанок на кој учествуваше целата компанија, Цукерберг објасни дека историскиот пад на акциите е резултат на прогнозата за приходите за тековниот квартал, изјави за Блумберг извор кој учествувал на состанокот.

Цукерберг ги повтори своите зборови од претходниот ден, велејќи им на вработените дека „Мета“, порано „Фејсбук“, се соочува со невидена конкуренција и раст на „ТикТок“, платформа за кратки видеа.

Истиот извор за Блумберг наведува дека на Цукерберг му биле крвави очи и дека носел очила и рекол дека може ќе заплаче, но не поради темата на разговор, туку затоа што наводно се изгребал.

-Компанијата е во неволја за задржување на вработените поради падот на акциите. Гигантот планира на своите вработени да им понуди продолжени викенди, рече Цукерберг, зборувајќи за феноменот „согорување“.

Тој ги охрабри и исцрпените работници да ги искористат деновите на одмор. Тој додаде дека врз основа на неговото животно искуство, префрлањето на четиридневна работна недела нема да биде продуктивно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот