Фото: Instagram / tijana.dapcevic

Тијана Дапчевиќ со сопругот има плантажа со ореви: Пејачката рачно ги тресе дрвата, а вложиле многу пари во машини

Нашата пејачка Тијана Дапчевиќ иако е успешна во нејзината музичка кариера, започнала приватен бизнис со сопругот Милан.

Имено, на една фарма во близина на главниот град на Србија, тие имаат плантажа со посебен вид орев, а како што своевремно открила пејачката, таа често му помага на сопругот во тоа, пренесува „Курир.рс“.

-Можете да одите да тресете ореви и тие убаво да паднат и тогаш нема да ви треба таа машина за тресење за која сте платиле многу пари. Потоа сето тоа оди во машината за сушење, така што добро е да се има плантажа“, објаснила таа во една прилика.

Со оглед на тоа што таа и нејзиниот сопруг се впуштиле во овој бизнис, многумина мислат дека заработуваат многу пари.

– Тоа се предрасуди и луѓето живеат во заблуда дека ние пејачите и луѓето што работиме јавни работи имаме дрво пред зградата со банкноти од 20 евра долу, и банкноти од 50 евра малку повисоко, а виолетовите на врвот. Мислат дека ги собираме тие пари, па тоа е само заблуда“, рекла таа, а потоа се осврнала и на пеењето.

– Велат, лесно ти е да пееш, тоа е, тоа е најубавиот дел кога излегуваш на сцена и пееш, благословена сум што ја работам таа работа – заклучила Тијана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот