
„Тие имаат големи проблеми“: Секс-симболот на денешницата Сидни Свини ја откажа венчавката со 14 години постариот дечко
Секс-симболот на денешницата Сидни Свини (27) и нејзиниот вереник Џонатан Давино (41) ја откажаа својата венчавка, која беше планирана за мај оваа година.
Препорачано
Извор за „Дејли мејл“ тврди дека парот се соочува со „големи проблеми во врската“.
„Сидни и Џонатан имаат големи проблеми, но сè уште не се целосно раскинати“, рекол изворот.
„Работите не се баш најдобро во моментов, но сепак не се откажуваат. Тие работат на нивната врска, но засега ја откажаа венчавката“, додал тој.
Изворот открил дека сите планови за свадбата се ставени на мирување и дека парот „повеќе не разговара за тоа“.
„Сидни сакаше да откаже сè и не можеше да се справи со стресот“, рекол изворот.
Токму недостатокот на „слободно време“ на актерката предизвика „тензии“ во нивната врска. Џонатан и Сидни не се видени заедно од јануари. Изворот исто така објасни дека парот минува низ „тешко време“ и се обидува да „оцени“ дали воопшто треба да останат заедно.
Да потсетиме дека Сидни неодамна се појави на модната недела во Париз без Давино. Актерката долеа масло на огнот кога од Инстаграм избриша фотографии од новогодишната ноќ со вереникот, а последно се пофали дека ужива на сафари само со пријателите.