Ти Џеј Шортс („Париз“)/фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Ти Џеј Шортс најкорисен играч во евролигашкиот плеј-ин

Кошаркарот на Пари Сен Жермен, Ти-Џеј Шортс, е најкорисен играч (МВП) на плеј-ин натпреварите од Евролигата, објави веб-страницата на натпреварувањето.

Македонскиот репрезентативец постигна 23 поени и девет асистенции за 31 минута, шутирајќи 8/17 од поле, во победата на Париз над Реал Мадрид од 81:73.

Тој имаше индекс на корисност од 27, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) по петти пат оваа сезона, ист број како и Саша Везенков од Олимпијакос.

Кошаркарот на Црвена звезда, Филип Петрушев, го забележа највисокиот индекс на корисност – 32, но тимот од Белград беше поразен од Баерн со резултат од 97:93.

Следната недела се закажани четвртфиналните натпревари од Евролигата, кога ќе се сретнат Олимпијакос-Реал Мадрид, Фенербахче-Париз, Панатинаикос-Ефес и Монако-Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот